(ВИДЕО) Мандиќ: Црна Гора денес се соочува со природна катастрофа која има потенцијал да стане една од најголемите во нејзината историја

Од:

Претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, изјави дека испратил барање за итно свикување седница на Советот за одбрана и безбедност до претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ за анализа на моменталната безбедносна состојба. Како и за усвојување итни мерки за заштита на човечките животи, имотот, инфраструктурата и природните ресурси, се вели во соопштението.

„Црна Гора денес се соочува со природна катастрофа која има потенцијал да стане една од најголемите во нејзината историја. Екстремните временски услови – температури над 40°C, ниска влажност, исклучително неповолна хидролошка ситуација и силни ветрови доведоа до појава на масовни пожари и постојано го зголемуваат ризикот од ширење на пожарот и појава на нови жаришта“, напиша Мандиќ на платформата X.

Тој посочи на експертските проценки дека следните три дена се критични за стабилизирање на ситуацијата.

Затоа, нагласи Мандиќ, „нашата земја денес бара безусловно единство од нас“.

„Во вакви моменти, не смее да има поделби меѓу мнозинството и малцинството, владата и опозицијата. Сите мора да ги оставиме настрана нашите разлики, целосно да се посветиме на извршување на нашите задачи и заедно да ги поддржиме тие храбри мажи и жени кои ги бранат човечките животи, домовите, имотите и природната убавина на нашата Црна Гора дење и ноќе“, рече Мандиќ.

Заедно, рече тој, ќе го победиме огнениот елемент, рече Мандиќ, додавајќи дека „единството и заштитата на човечките животи сега се над сè“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав