Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Од:

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која политичка партија, доаѓа дали е тоа од ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа од коалицијата ВРЕДИ од политичката партија ЗНАМ или некој којшто во минатото несовесно работел за што се констатирани големи криминали, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

-Дел од тие, каде што се констатирани големи криминали, во минатото што подигруваа во канцелариите фудбалчиња, баскети итн, за жал се во бегство и не можат да одговараат пред соодветните органи но се надевам дека ќе дојде и тој ден кога тие ќе одговараат. Но, има и голем дел од тие функционери за кои во минатото постои основано сомнение дека сториле голем криминал, купувале трговски центри, го збогатувале својот возен парк со Мајбах автомобили, креирале компании кои преку ноќ станале милионери и можам да редам безброј такви случаи, рече Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на ЈЗУ Клиниката за урологија.

Оваа Влада, додаде премиерот, „е Влада која што носи правда за сите граѓани во Македонија, така ќе постапуваме за секој оној за којшто во минатото има основано сомневање дека сторил криминал или несовесно работел во службата, така и сега, без разлика од која политичка партија доаѓа“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка