Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека резултатите од последната анкета, според која тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат значителна предност пред опозицијата, претставуваат потврда дека граѓаните ги препознаваат политиките и перформансите на опозициските партии.

Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во завршните работи на музејските објекти на Скопското Кале, Мицкоски оцени дека анкетните резултати се лоша вест за неговите политички противници.

-Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму и така и ќе биде – рече премиерот.

Мицкоски посочи дека „граѓаните се свесни за работата и однесувањето на опозицијата“, поради што, рече, таа продолжува да ја губи довербата.

– Тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција – истакна премиерот.

Мицкоски додаде дека опозицијата не нуди конкретни решенија и политики, туку се фокусира на критики и обвинувања кон власта.

– Оние кои што имаат седум години можност, а ја ограбија и ја уништија државата, сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да клеветат, да лажат и така натаму и тие ќе продолжат да тонат се до конечно дефакторизирање од политичката сцена – нагласи премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ