Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе работи на 19-ти пакет санкции против Русија и предупреди на опасноста од помирување кон Москва.

„Додека Русија не се согласи на целосен и безусловно прекин на огнот, не треба ни да разгледуваме никакви отстапки“, изјави Калас во понеделник во соопштението, објави Ројтерс.

Според неа, редоследот на чекорите е важен.

„Прво безусловно прекин на огнот со силен систем за следење и непоколебливи безбедносни гаранции“, рече таа, додавајќи дека ЕУ ќе работи на 19-ти пакет санкции.

Калас претходно во понеделник изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ изразиле поддршка за чекорите на САД што водат кон праведен мир во Украина.

Во објава на социјалната мрежа X, Калас додаде дека ЕУ во меѓувреме ќе работи на воведување дополнителни санкции против Русија, зајакнување на воената помош за Украина, како и поддршка на буџетските потреби на Киев и процесот на нејзино пристапување кон Европската Унија, објави Танјуг.

– Трансатлантско единство, поддршка за Украина и притисок врз Русија – ова е патот кон завршување на оваа војна и спречување на идна руска агресија во Европа, заклучи Калас.

Би можело да ве интересира

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

ЕУ ја стави Русија на „црната листа“ на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам