Горат шумите околу Никшиќ: Пожарникарите се борат без престан 48 часа за да ги одбранат домовите

Од:

Службата за заштита и спасување на Никшиќ моментално интервенира на неколку локации, каде што се активни пожари од големи размери.

Пожарот се прошири на подрачјата Сјенокоша, Дуга, Буковиќ, Закрај, Голија и Жупа, а пожарникарите се распоредени на сите жаришта за да спречат ширење на пламенот и да ги заштитат домовите и имотот на жителите, објави порталот rtnk.me.

Суровите временски услови, високите температури и силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

„Веќе два дена имаме зголемен број шумски пожари. Сите наши пожарникари и спасувачи се на терен. Вчера ни помогна Единицата за воздушни хеликоптери. Моментално е најкритично во Закрај и Дуга. Силните ветрови ги отежнуваат нашите операции за гаснење. Ги одбранивме сите загрозени куќи“, рече командантот на Единицата за противпожарна и спасувачка служба на Никшиќ, Славко Тадиќ, додавајќи дека станува збор за исклучително непристапен терен.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи