Макрон: Планот на Нетанјаху за Газа е катастрофа што чека да се случи

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го опиша планот на израелскиот премиер за преземање контрола врз градот Газа како „катастрофа што чека да се случи“ и предложи меѓународна коалиција под мандат на ОН за стабилизирање на Појасот Газа.

„Најавите на израелскиот кабинет за проширување на воените операции во градот Газа и бегалските кампови Маваси, како и повторната окупација, зборуваат за невидена катастрофа што чека да се случи и се чекор кон бесконечна војна“, рече Макрон.

Макрон додаде дека главните жртви на таквата стратегија на Нетанјаху ќе бидат израелските заложници што ги држи Хамас и народот на Газа.

Би можело да ве интересира

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Германско-француски тандем во трка со времето

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестински доктор од Газа тврди дека бил мачен во израелски затвор

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа