Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Од:

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при под пластеници каде што одгледувал пиперки и домати, биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80 метри, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.

Осомничениот бил задржан во Полициската станица во Гевгелија и бил изведен пред судија од Основен суд во Гевгелија, кој му определи мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Горан Наумовски

Откриени 5 килограми марихуана во автомобил на кумановец

А1он

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата