ВРЕДИ: Блерим Беџети е архитектот на неказнивоста за злосторствата врз Албанците

Од:

Кога денес Блерим Беџети и неговата партија ДУИ зборуваат за правда и институции, јавноста има право да ги праша: каде беа тие кога се создаваше системот што ги прикриваше трагедиите и злосторствата врз Албанците, велат од ВРЕДИ.

– Токму Блерим Беџети, како поранешен министер за правда, заедно со Сашо Мијалков, ги поставуваше и избираше судиите и обвинителите кои подоцна молчеа, прикриваа, и не постапуваа за случаи што ја потресоа целата албанска заедница: За Монструм, каде Албанци беа неправедно обвинети како терористи; За Диво Насеље, каде 10 Албанци беа убиени, а вистината никогаш не беше истражена; За Случајот Алфа, каде Албанци беа осудени врз основа на монтирани обвиненија; За Алмир, убиено дете без правда, додека системот молчеше; За Тетово, Дурмо Турс, Беса Транс, трагедии без ниту една оставка, ниту една сериозна казна. Сите тие случаи имаа едно заедничко, истите судии и обвинители се поставени во времето на ДУИ, кои не презедоа ништо.Блерим Беџети не е случаен учесник, тој е креатор на тој систем на неказнивост, во кој животите и правата на Албанците беа маргинализирани, игнорирани и жртвувани за политички договори и лична кариера. Денес, кога институциите конечно почнуваат да реагираат и да носат одговорност, тие што го создадоа системот на молк и неказнивост немаат ниту морал, ниту кредибилитет да зборуваат за правда. Албанците не забораваат. Не забораваме кој ја затвораше правдата зад вратите на Судскиот совет. Не забораваме кој молчеше кога умираа наши сограѓани. Не забораваме кој соработуваше со Мијалков, а не со вистината, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН