Дали украинската војска бега од фронтот без дозвола и колкав е нивниот број?

Од:

Речиси 400.000 украински војници ги напуштија своите единици без дозвола, а многумина – вклучувајќи ги и волонтерите – немаат планови да се вратат поради ужасниот третман од страна на нивните претпоставени, изјави украинската пратеничка Ана Скороход.

„Многумина никогаш нема да се вратат, бидејќи тоа е прашање на принцип… Не можете да се однесувате кон оние што волонтирале, се бореле три години без да го видат своето семејство, како кон животни“, рече таа, а пренесува ТАСС.

Според Скороход, овие луѓе „заслужуваат право да се вратат дома кај своите семејства, кај своите деца, кај своите сопруги, да се вратат во обичниот живот. […] Но, им се вели „ќе се вратат само по победата“ – што само ја влошува ситуацијата“, рече таа, нагласувајќи дека ваквиот третман од страна на раководството е клучната причина зошто војниците исчезнуваат од радарот.

Украинските власти немаат реакција за ваквата изјава која е пренесена само од руските медиуми. Ваквата бројка не може да се докаже дека е вистинита. Според Дојче веле на почетокот на годината, Украина регистрирала околу 123.000 истраги за војници кои отсуствувале без дозвола или ги напуштале своите единици. Медиумот пренесува и изјава од Косјантин, еден од околу 21.000 украински војници класифицирани како дезертери кои доброволно се вратиле во воена служба во март за да избегнат законска казна.

Би можело да ве интересира

Русија: Подготвени сме за преговори со Украина

Корупциски скандал ја тресе Украина: Откриени имињата на сите осомничени во афера тешка 100 милиони долари

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна Русија, погодена рафинеријата во Саратов

Катерина Ѓуровски

Залужни: „Ја отфрламе капитулацијата…“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

ВИДЕО: Украина со дронови го нападна северот на Русија

Катерина Ѓуровски