Трамп испрати две нуклеарни подморници во близина на Русија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“ за да се осврне на изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Како што изјави Трамп, „тој наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони“.

– Врз основа на многу провокативните изјави на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај, овие глупави и провокативни изјави да бидат нешто повеќе од тоа. Зборовите се многу важни и честопати можат да доведат до несакани последици, се надевам дека ова нема да биде еден од тие случаи. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање! – напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ајатолахот Хамнеи го нападна Трамп во првото обраќање од масовните протести во Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американската војска ќе спроведува операции против картелите во Мексико, најави Трамп

Катерина Ѓуровски

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас

Кларк: Дипломатијата е единствениот пат за решавање на прашањето за Гренланд

Голем пресврт во надворешната политика: САД излегуваат од 66 организации

Порака од Москва за Америка: „Не си играјте игри со Русија“