„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

Од:

Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“.

-После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид, информираат од Завод и Музеј – Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје, додека критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска-Михајловска.

-Проектот на македонскиот уметник Сашо Блажес насловен „Нурни во мене“, уште во самиот наслов посочува на длабоко личен, но, во исто време, и философски процес на осознавање на нештата кои се наоѓаат во „длабочините“. Свесноста за истражување на слоевитоститезад појавноста или она што се наоѓа под / позади првичната појавност, се должи на љубопитноста и фасцинацијата на авторот од мистериозното, без оглед дали станува збор за неистраженоста на она што не опкружува – природа или универзум, или она што се наоѓа длабоко во човекот. Феноменот човек или себство, веројатно содржи немерливи димензии како универзумот, а податоците за овие простори (универзумот и човековиот мозок) говорат за минимална процентуалност на нивната истраженост.Следствено, сликите од циклусот „Нурни во мене“секоја за себе и сите заедно може да се толкуваат и како метафора за одреден вид мултиверзум, односнохипотетичкизбирнауниверзуми, бидејќи говори за „сèштопостои: целинатанапросторот, времето, материјата, енергијата, информациите и физичкитезакони и константитекоигиопишуваат“ или пак „напоредниуниверзуми“, термини кои се присутнидури од грчката филозофија, посочува Чанкуловска-Михајловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Од печат излезе нова книга на Авдулах Рамчиловиќ: “Има време”

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик

Почина познатата шпанска актерка

Украина го критикуваше Вуди Ален за неговото учество на Московската филмска недела

Претседателката Сиљановска-Давкова ги отвора 64. Струшки вечери на поезијата

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија