Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

Од:

Доколку Државната изборна комисија (ДИК) прифати листи за советници кои содржат помал број кандидати од пропишаниот со Законот за локална самоуправа (член 34), тогаш постапува во отворена спротивност со законот и влегува во состав на тешко кривично дело, за што надлежните органи и соодветните членови треба да сносат индивидуална и институционална одговорност, се наведува во соопштението од Кренар Лога потпретседател на АА на крилото на Зијадин Села, што го објавуваме интегрално.

„Одлуката на Владата предводена од ВРЕДИ-ВМРО (Одлука за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија – Службен весник на РСМ, бр. 199 од 26.9.2024 година) во овој правец е тенденциозна, апсурдна и во целосна спротивност со позитивните правни норми, и како таква треба веднаш да се повлече. Секој акт што ги нарушува законски утврдените стандарди во изборниот процес претставува сериозен ризик за уставниот поредок и демократското функционирање на државата.

Нарушувањето на законитоста на изборите претставува една од најтешките форми на институционално прекршување и има сериозни последици врз демократијата, функционирањето на правната држава и довербата на граѓаните во изборниот процес.

Државната изборна комисија мора итно да ја разјасни оваа дилема и да постапи во целосна согласност со важечките законски одредби, обезбедувајќи интегритет и законитост на изборниот процес, вели Лога.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас