Тајланд и Камбоџа се согласија за прекин на огнот

Од:

Лидерите на Тајланд и Камбоџа се согласија на моментален и безусловно прекин на огнот за да се стави крај на граничните судири, изјави денес малезискиот премиер Анвар Ибрахим, по разговорите меѓу двата соседа од Југоисточна Азија во Малезија.

Потсетуваме дека лидерите на Камбоџа и Тајланд, Хун Сен и Прајут Чан-о-ча, денес пристигнаа во Малезија на преговори со цел да се гарантира прекин на огнот во нивниот жесток граничен конфликт, изјави малезиски официјален претставник, во услови на меѓународни напори за прекин на петтиот ден од борбите.

Амбасадорите на Соединетите Американски Држави и Кина исто така беа присутни на состанокот во малезиската административна престолнина Путраџаја, изјави официјален претставник.

Тајланд и Камбоџа се обвинија меѓусебно за започнување на конфликтот минатата недела, кој оттогаш ескалираше во борби со тешки артилериски напади на повеќе локации долж нивната копнена граница долга 817 км.

Ова е најсмртоносниот конфликт меѓу двата соседа од Југоисточна Азија во последната деценија.

Камбоџанскиот премиер Хун Манет претходно изјави дека состанокот бил ко-организиран од Малезија и САД и дека Кина исто така ќе учествува.

„Целта на овој состанок е да се постигне моментално „прекин на огнот“. Тој беше инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, а за него се согласија премиерите на Камбоџа и Тајланд“, напиша Хун Манет во објава на X пред да замине на разговорите.

Трамп вчера изјави дека верува оти и Тајланд и Камбоџа сакаат да ги решат своите разлики откако им кажа на лидерите на двете земји дека сè додека не го завршат конфликтот, тој нема да потпишува трговски договори со нив.

Би можело да ве интересира

Камбоџа го прифати предлогот на Малезија за прекин на огнот

Конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа продолжува, 30 мртви, 130.000 раселени

ВИДЕО: Конфликтот со Комбоџа може да прерасне во отворена војна, предупредува Тајланд

Катерина Ѓуровски

Тајландска армија: Девет цивили убиени во судир со Камбоџа, вклучувајќи и едно момче

(ВИДЕО) Шест лица загинаа при пад на полициски авион во Тајланд

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд