(ВИДЕО) Драматичен лет: совладан патник кој се заканувал со бомба

Од:

Храбар патник успеал да совлада човек кој во авион се заканувал дека има бомба. Инцидентот се случил вчера на лет на „Изи Џет“ од Лутон до Глазгов. Ова доведе до принудно слетување на преполниот авион на аеродромот во Глазгов.

Напаѓачот потоа беше врзан со лисици и шест полицајци го извлекоа од авионот.

Очевидец рече дека одеднаш се разбудил околу 8 часот наутро, помалку од еден час по полетувањето од Лутон, кога еден човек излегол од тоалетот на задниот дел од авионот и почнал да прави врева.

„Излезе од тоалетот викајќи: „Алах Акбар“ со рацете кренати над главата. Потоа рече: „Имам бомба, имам бомба“ – во тој момент луѓето беа збунети. Мислев дека се шегува, мислам, тоа е чудна шега“, рече патникот.

Тој рече дека човекот ги турнал вработените во авиокомпанијата и се однесувал агресивно кон нив.

„Кога ги турна, тогаш сè се промени. Во тој момент, еден човек успеа да го фати одзади и да го собори на подот, а потоа сите скокнаа над него, објаснва патникот.

Човекот што го совладат напаѓачот е всушност Србин, што може да се слушне на видеото.

Проверката покажала дека човекот која се заканувал немал бомба.

„Пилотот објави дека ќе изврши итно слетување и го спушти авионот многу брзо. На сите што не го држеа им беше кажано да седнат. Тројцата што го држеа слетаа притискајќи го сè уште. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум видел такво нешто. Персоналот на авионот, сите девојки, беа навистина потресени од тоа, но се однесуваа исклучително професионално“, раскажува сведокот.

Би можело да ве интересира

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет

Flydubai со радикална мерка по нападот на летот за Тел Авив: Ги суспендираат сите летови до Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот