Трамп останува отворен за соработка со Ким Џонг Ун

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за постигнување целосна денуклеаризација на Северна Кореја, изјави денес неименуван функционер на Белата куќа.

Тој за јужнокорејската новинска агенција Јонхап изјави дека Трамп одржал три историски самити со Ким за време на неговиот прв мандат, за кои рече дека го стабилизирале Корејскиот Полуостров и го постигнале првиот договор за денуклеаризација.

Тој рече дека Трамп ги има истите цели сега во својот втор мандат и останува отворен за соработка со Ким за да се постигне целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

Администрацијата на Трамп во четвртокот објави пакет санкции против Северна Кореја, вклучувајќи санкции за седум севернокорејски државјани и една севернокорејска трговска компанија поради нивна вмешаност во активности насочени кон собирање средства за нуклеарните и балистичките ракетни програми на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Тензија околу мировниот план – Киев може да го поткопа предлогот на Трамп

Горан Наумовски

Полскиот претседател го предупреди Трамп: Не му верувај на Путин

Ултиматум од Трамп: Иран мора да прифати договор со САД

Зеленски откри: Побарав 50-годишни гаранции за Украина од Трамп

Горан Наумовски

Макрон: Напредок во безбедносните гаранции за праведен и траен мир во Украина

Зеленски: Mировниот план од 20 точки е „90 проценти договорен“