(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

Од:

Американската војска го уби високиот лидер на ИСИС, Дија Завба Муслих ал-Хардани, и двајца од неговите синови во напад во Сирија, објави Централната команда на САД (CENTCOM).

Според CENTCOM, ал-Хардани и неговите двајца возрасни синови – Абдала Дија ал-Хардани и Абд ал-Рахман Дија Завба ал-Хардани – претставувале закана за американските и коалициските сили, како и за новата сириска влада. Три жени и три деца кои биле на локацијата не се повредени. Не се објавени дополнителни детали за операцијата.

Иако САД продолжуваат да спроведуваат редовни операции против ИСИС во соработка со партнерите и коалициските сили во Сирија и Ирак, директните копнени напади од страна на американските сили се ретки во споредба со воздушните напади.

„Нема да престанеме немилосрдно да ги гониме терористите на ИСИС, каде и да се“, рече командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Ерик Курила.

САД поддржаа вкупно шест операции против ИСИС во мај – пет во Ирак и една во Сирија – за време на кои беа убиени двајца членови на ИСИС, а двајца други беа заробени, вклучувајќи еден водач, соопшти ЦЕНТКОМ минатиот месец.

Во март, американската војска го уби Абдалах Маки Муслих ал-Рифаи, началник на операциите и емир на таканаречениот Делегиран комитет на ИСИС, како и друг член на терористичката група, во прецизен воздушен напад во Ирак.

Во април, Министерството за одбрана на САД објави почеток на повлекување на околу половина од американските сили од Сирија. Пентагон го претстави ова како доказ за „значаен напредок“ во деградирањето на капацитетите на ИСИС во регионот. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, во тоа време изјави дека помалку од 1.000 американски војници ќе останат во земјата по повлекувањето.

Нападот се случува неколку недели откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја поништи ознаката за странска терористичка организација од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), група некогаш предводена од сегашниот привремен претседател на Сирија. Претседателот Трамп неодамна потпиша и извршна наредба со која формално се укинуваат санкциите на САД врз Сирија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски

Сириските сили извршија масакр во болница: Крв и тела насекаде „убиваа луѓе во кревет“

Политико: Администрацијата на Доналд Трамп ја обвинува Европа за „орвеловска“ цензура

САД се повлекуваат од УНЕСКО

Такер Карлсон: Повеќе си наштетуваме себеси отколку на Русија

Моќен нарко-бос кој имал врски со балкански криминалци е екстрадиран во САД