Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000 денари.

Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата.

– Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е веќе прифатен од судот, информираат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Да го спасиме Горан од карцином