Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Од:

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“. Пожарот избувнал утрово, и според првичните проценки станува збор за самозапалување.

– Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

„Краста“ гореше и на 15 јули, годинава.

Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња претходниве децении беше причина за негодување и револт на мештаните на Пчиња кои произведуваат раноградинарски производи. Преку проект, предвидено е депонијата да стане претоварна станица од каде ќе се изнесува сметот до најавената регионална депонија за североисточниот и источниот регион. Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 120 до 150 тони смет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат