Активни се пет пожари, два се ставени под контрола

Од:

Во последното деноноќие изгаснати се вкупно 40 пожари на отворен простор. Пет пожари се се уште активни, а два се ставени под контрола.

Активни се пожарите во:

Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација):
Покрај екипите на ЈП Национални шуми, Ловечкирте друштва, екипи на ЈКП , ТППЕ, на овој пожар од рано изутрина
o Ангажирани се 2 ер-трактори на ДЗС.
o 7 специјализирани возила (пинцгауери) со екипажи на ДЗС.
o 40 припадници на Армијата ангажирани на територијата на Општина Берово.
o 20 припадници на Армијата ангажирани на територијата на Општина Радовиш.
o
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) Активен е во 1 крак кон Кичевско, додека вториот крак е целосно изгаснат.
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) Овој пожар во голем дел е изгасен, постои само една точка на горење која е лоцирана на највисокиот дел од сртот.
o Ангажирани се 30 припадници на Армијата.
o 1 специјализирано возило (пинцгауер) со екипаж од ДЗС.
4. Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид (мешана шума) има 6 точки на горење на многу тежок и непристапен терен
o Ангажирани се 5 специјализирани возила (пинцгауери) со екипажи на ДЗС.
5. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума) и во моментот постои чадење од врвот на сртот.:
На терен се екипи на ЈП Национални Шуми.

Под контрола се пожарите во:
1.Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација).
2.Општина Македонски Брод – с. Латово, местo викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева).

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски