Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Собранието нема да иницираат разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Одговорот на Мицкоски уследи на прашање дали неговата партија ќе поднесе барање за разрешување со оглед дека со таа собраниска комисија раководи владејачкото мнозинство.

Рече дека има поединци кои од политиката прават естрада и порача дека постои морална одговорност.

-Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада. Што дека ВМРО-ДПМНЕ или која било политичка партија ќе поднесе. Ете, видовте, за Судскиот совет поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму, илјадници евра на грбот на граѓаните добиваат. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Пости морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи, да заврши со таа работа, а за кривична – тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. А ние сега да правиме естрада, во Парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот итн., Повеќе немаме намера да се занимаваме со такви работи, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на настан во Тетово.

Како што рече, во животот постојат два начина на одговорност – морална и кривична.

-Еден е морален, кога човек треба самиот да се повлече кога ќе направи грешка додека извршува функција, и вториот е кривична одговорност доколку има сторено кривично дело, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата