Мал авион се урна во делтата на Дунав во општина Журиловка во Романија. Двајца мажи, меѓу кои и пилотот Михаило Појога, загинаа на самото место. Според медиумските извештаи, Михаило преживеал пад со друг авион само неколку часа пред трагедијата.
Михаило Појога и неговиот колега Кристи Иванов загинаа вчера околу 19.20 часот кога малиот авион во кој се наоѓале се урна во делтата на Дунав во областа Гура Портитети.
„Набргу потоа на местото на несреќата пристигна спасувачки хеликоптер, но за жал медицинскиот тим не можеше да направи ништо за Михаило и неговиот колега“, изјави портпаролот на Итната медицинска помош, Даниел Настасе.
Според медиумските извештаи, Михаило летал со друг авион со својот 18-годишен син само неколку часа пред неговата смрт. Авионот се превртел кога слетал на насип, но Михаило и неговиот син се спасиле без повреди. Бидејќи успеале сами да излезат од авионот и немало повредени, никој не побарал помош. Несреќата била откриена подоцна.
„Според информациите што ги имам досега, во истата област се случил уште еден инцидент, имено друг мал авион се превртел при слетувањето, без жртви“, изјави Еуген Ион, градоначалник на Журиловка.
Според медиумските извештаи, малиот авион ѝ припаѓал на компанијата Моа Вио, која увезува делови за авиони од Италија и ги склопува на аеродромот во округот Тулча. Властите сега треба да утврдат што предизвикало пад на авионот.