ВИДЕО: Руски саботери се обиделе да влезат во Покровск, тие се се поблиску до градот

Од:

Група руски саботери вчера се обиделе да влезе во Покровск во регионот Донецк, но украинските војници ги елиминирале, соопшти Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Според РБЦ-Украина, генералот изјавил дека го информирал претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за ситуацијата на бојното поле. Главен акцент бил ставен на насоките на Покровск и Новопавливка, каде што во моментов се водат најжестоките борби.

„Непријателот продолжува да користи тактики на мали пешадиски групи, но е немоќен во обидите да го освои Покровск. Денес, непријателската саботажно-извидувачка група се обиде да навлезе во градот, но украинските бранители ја открија и уништија. Нашиот Покровск продолжува цврсто да ги држи своите позиции“, нагласи Сирски.

Понатаму, тој истакна дека заедно со министерот за одбрана Денис Шмихаљ, известиле за потребите на украинските сили за дополнително оружје – особено за оружје кое е способно за извршување напади од далечина врз непријателска територија.

Претходно, капетанот Артем Сољудко, офицер на Спартанската бригада, извести дека руските сили ја промениле својата тактика во правец на Покровск.

Според него, непријателот сега почесто користи мали пешадиски групи со поддршка на моторни возила и камиони за транспорт на војници. Во исто време, употребата на оклопни возила станува сè поретка.

Би можело да ве интересира

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

(ВИДЕО) Го прашаа Путин дали Русија ќе гаѓа цели во Британија

Германските истражители идентификувале двајца осомничени за нападот со дрон во Лајпциг: Трагите водат кон Русија