Фицо попушти, Европската унија вовоедува нов пакет санкции за Русија

Од:

Земјите-членки на ЕУ денеска постигнаа договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, објави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

„ЕУ штотуку одобри еден од најсилните пакети санкции против Русија“, објави Калас на социјалната мрежа X.

Пакетот беше договорен на состанок на амбасадорите на земјите-членки, а денеска ќе биде официјално потврден од министрите за европски работи на земјите-членки. Во јуни, ЕК го предложи 18-тиот пакет санкции против Русија, кој главно е насочен кон руските приходи од продажба на енергија и банкарскиот сектор.

Овој пакет санкции вклучува намалување на највисоката цена по која може да се продава руска сурова нафта од 60 долари на 47,6 долари за барел.

Усвојувањето на пакетот беше блокирано извесно време од Словачка, барајќи отстапки во сосема поинаков предлог на Комисијата, кој се однесува на прекин на увозот на руски фосилни горива од 2028 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека неговата земја добила гаранции од Комисијата за помош во случај на потенцијален недостиг на гас или скокови на цените и транзитните такси, како и помош во спорови околу потенцијални барања за отштета од рускиот добавувач Газпром.

Би можело да ве интересира

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

Русија го осуди самитот на НАТО: Нивните одлуки би можеле да имаат катастрофални последици

ВИДЕО: Русите се обидоа да достават гориво со танкери на Крим, но ги пронајдоа украински дронови

ВИДЕО: Осомничената за бомбашкиот напад во Монако пронајдена застрлена кај Киев

ВИДЕО: Украинските напади го оставија Крим без струја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп и Путин разговараа еден и пол час, Кремљ објави детали