Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски

Од:

Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата. Последниот срамен обид на Левица, да поднесе закон за забрана на името ВМРО, не е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против македонскиот идентитет, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

– Ова е истата таа агенда што со години се промовира од политички и академски структури и центри во Бугарија: Македонија да се откаже од своето револуционерно минато. ВМРО да се претстави како „контроверзен“ или „непосакуван“ дел од историјата. Македонскиот народ да се откорне од своите херојски настани. Сега, истата таа агенда добива домашни извршители во форма на пратениците на Левица.

Ова не е првпат да се случува. Во 2018 година, имаше обид, со поддршка од тогашната власт на СДСМ, ДУИ и СЈО како инструмент да се укине ВМРО и да се измени законот. Тие обиди беа спречени благодарение на поддршката од пријателски држави и сестрински партии, тогашната агенда беше разобличена. Но денес, она што особено ја открива суштината на ова сценарио е фактот што истата таа улога ја презема Димитар Апасиев, тогаш советник во СЈО, денес лидер на Левица. Само што денес, заслепен од сопствената ароганција, сам си ја потврдува улогата: дека е најобична алатка во туѓи раце.

Алатка што кога нема да им користи, ќе ја заменат со нова. Но, ВМРО е повеќе од име. ВМРО е борба, истрајност, отпор и иднина. Затоа, како државотворна партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштити името, симболот и суштината на македонската борба за слобода. Ниту еден обид за бришење на историјата нема да помине. Повторно ќе се види кој стои на браникот на Македонија, а кој, како испостава на туѓи интереси – работи против сопствениот народ. Историјата не може да се избрише со закон. А ВМРО ќе продолжи – посилно, почисто, поодлучно од кога било досега, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?