Зеленски: Киев подготвува детални информации за разговорите со претставникот на Трамп

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува детални информации за разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Кит Келог, и дека смета на САД целосно да разберат што може да се направи „за да се принуди Русија да се согласи на мир“.

ВЗеленски додаде дека денес имал состанок со војската и министерот за одбрана, на кој разговарале не само за ситуацијата на фронтот, туку и за понатамошните активности, украинското производство и нападите длабоко на територијата како одговор на руските напади, објави новинската агенција Укринформ.

Тој рече дека на состанокот била разговарано и за посетата на специјалниот претставник на Трамп, Келог, додавајќи дека следната недела ќе има повеќе разговори за дополнителна американска поддршка што ќе донесе позитивни промени во интересите на Украина.

Според Зеленски, во тек се подготовки за состанокот на Келог со раководителите на украинската тајна служба, како и со разузнавачкиот сектор. Украинскиот претседател додаде дека им наредил на врховниот командант на армијата, Олександр Сирски, и началникот на Генералштабот, Андриј Гњатов, да обезбедат достапни информации за рускиот потенцијал и украинските воени перспективи.

Зеленски, исто така, рече дека го слушнал извештајот на шефот на безбедносната служба на Украина, Васил Малјук, за заштитата на интересите на Киев и одговорот на Украина на убиствата извршени од руска страна.

„Секој напад на Украина мора да добие силен и решителен одговор“, заклучи Зеленски.

СБУ објави дека за време на специјална операција, вработените во службата елиминирале агенти на руските специјални служби, кои, по наредба на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија, го извршиле убиството на полковник на СБУ во Киев. Специјалната операција за потрага по убијците ја предводел лично шефот на СБУ, генерал-потполковник Василиј Малјук, објави Укринформ.

Би можело да ве интересира

Има загинати и повредени во новите напади во Русија и во Украина

Украински напад со беспилотни летала врз неколку руски региони, оддалечени 1.200 км од границата

Дмитриев: Европските компании сакаат да се вратат на рускиот пазар

Повредени се најмалку пет лица во рускиот напад врз Павлоград

Градоначалникот на Харков го потврди нападот со руско беспилотно летало врз областа Холодногир

Украина започна напади врз Русија – Москва е на удар