Голем пожар во близина на Солун, во индустриската зона Синдос

Од:

Пожар избувна во индустриската зона Синдос, на западната страна на Солун, објави грчка Товима.

Пожарот избувнал околу 9.30 часот наутро на отворен простор на компанија за рециклирање и отпад. Според противпожарната служба, горат ѓубре, палети и гуми.

35 пожарникари со 12 противпожарни возила се на местото на настанот, кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Итна порака до граѓаните е испратена преку системот 112: „Пожар во индустриски објект. Опасни испарувања. Останете внатре, затворете ги вратите и прозорците. Следете ги упатствата на властите.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани

Нема да има блокади на границите кон Грција за празниците

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски