Обвинителството започна истрага за пожарот во Визбегово

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово.

– Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, информираат од Обвинителство.

Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо железо на улица „Б. Буна“ во скопско Визбегово, повредено е едно лице. Поради ветрот чадот од пожарот се гледа од неколку страни на градот.

Министерството за внатрешни работи, претходно потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот.

– До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информира МВР.

Во гаснењето учествуваат еден авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер. Од копно во гаснењето се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он