Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава

Од:

Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседава премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот.

Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.

Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел справување со пожарите и заштита на населението.

Владата, исто така, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Воедно се апелира до граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Би можело да ве интересира

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри