СДСМ: Морбидни обвинувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

Од:

Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски. Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастрофата, велат од СДСМ.

„Минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше виновници додека ветуваше дека ЌЕ биде подобро следната година.

Точно една година подоцна, во моментов гори тоа што остана од шумите и зелените површини низ земјава да догори. Нема нова опрема – промовираа стари реновирани хермелини и БТР кои ги нема никаде на терен бидејќи веќе се во сервис. Нема нови авиони, поточно, воопшто нема авиони. Нема пилоти, иако ветуваа дека за една година ќе обучат и вработат доволно нови пилоти.

Нема нови пожарникари, а сега за 24.000 денари бараат привремени пожарникари кои би требало за минимална плата да го ризикуваат сопствениот живот. Цела година немаат абер да почнат да работат. Населението само се спасува, кравите бегаат и не ја пасат тревата, пожарите беснеат, само Мицкоски не е крив. Мицкоски е одлепен од реалноста. Веќе има една жртва од пожарите, а наместо збор на утеха или превземање на мерки, Мицкоски повторно забегува во некрофилска реторика и бара виновници, бркајќи духови, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку што може да направи ЕУ, е да не не дискриминира, вели Мицкоски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!