А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Постигнат е договор: Курдите го предаваат оружјето

by А1он08/07/2025 - 20:42419
Share0

Членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, ќе почнат да го предаваат своето оружје во групи во северниот ирачки град Сулејманија во петок, како дел од мировниот процес со Турција.

Следете a1on на Instagram Instagram

По јавниот апел на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, упатен во февруари од турскиот затвор каде што отслужува казна, курдските бунтовници на ПКК, кои се во крвав конфликт со Турција повеќе од четири децении, во мај одлучија да се распуштат и да ја прекинат својата борба, објави Ројтерс.

Турската телевизија НТВ претходно објави дека Ибрахим Калин, шефот на турската разузнавачка агенција МИТ, ќе отпатува во Багдад во петок на разговори со ирачките власти за предавање на нивното оружје.

Повеќе од 40.000 луѓе се убиени во конфликтот откако ПКК започна бунт против Турција во 1984 година, првично обидувајќи се да создаде независна курдска држава.

Следете a1on на Youtube YouTube
kurditurcija

Би можело да ве интересира

Турската полиција со солзавец упадна во седиштето на опозицијата

А1он24/05/2026 - 17:57

Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

А1он18/05/2026 - 21:00

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он18/05/2026 - 19:3418/05/2026 - 20:17

Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем во регионот

Горан Наумовски12/05/2026 - 22:22

Турција го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Горан Наумовски23/04/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Откриен е идентитетот на убиецот од Турција: Полицијата го уапси неговиот татко кој е полицаец

Горан Наумовски15/04/2026 - 15:3115/04/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто