Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август.

Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови.

-Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 дена. Втората ориентациона точка е Законот за локална самоуправа каде се вели дека изборите треба да се одржат во втората половина на октомври. Во рамките на овие два периода, ќе ги распишеме избори. Најверојатно во првата половина од август, рече претседателот на Собранието.

Околу измените на Изборниот законик кои се во собраниска постапка, Гаши потенцира дека чека одговор од пратеничките групи да го известат дека се договориле за да може законот да оди во процедура.

-Немаме најава за Изборниот законик. Се водат разговори помеѓу пратеничките групи, но јас не сум запознаен за тоа. Чекам знак од пратеничките групи дека се договориле и оти ќе може да оди во процедура Изборниот законик, рече тој.

Во врска во Бадентерово мнозинство, спикерот рече дека нема никаква промена.

-Нема промена околу Бадентерот. Останува истата формулација. За секој закон посебно пратениците од немнозинските заедници се изјаснуваат. Досега видовме дека неколку пати пратеници од немнозинските заедници кои се во опозиција гласаат за предлог на мнозинството. Тоа останува релативно, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ