Црвена младина: Мицкоски е отсечен од реалноста – младите не формираат семејства поради ужасни услови за живот

Од:

Последната изјава на премиерот Мицковски дека размислувал за воведување данок за немажени и неженети, не само што е понижувачка кон младите, туку покажува колку десничарскиот режим на Мицкоски којшто секојдневно се луксузира со народни пари, не може да разбере каква социјална беда владее во Македонија.

Најголемата причина зошто младите се помалку и се подоцна стапуваат во брак и формираат семејства, се лошите социјални услови кои се полоши од било кога. Како еден млад човек да размислува на семејство кога едвај преживува од плата до плата? Како еден млад брачен пар да стапи во брак кога нема каде да живее? Кога само за кирија треба да плаќа колку една цела негова плата?

Младите денес се жртви на екстремно висока експлоатација. Најголемиот дел од нив или се невработени, или работат на договори на дело што значи дека работничките права им се скратени, и е невозможно да земат станбен кредит. Па така не можат да си го решат ни станбеното прашање што е ПРЕДУСЛОВ за формирање на семејство.

Да потсетиме дека за предлог законот на Левица за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци – што директно ќе го олеснеше формирањето на семејство и ќе го зголемеше наталитетот, НИТУ ЕДЕН пратеник од власта не го поддржа, па предлогот не помина. Исто така власта го одби и предлогот на Левица за ограничување на кириите, што ќе ги нормализираше екстремно високите цени. Ете така постапуваше оваа влада која сега ни глуми дека била загрижена за ситуацијата.

И како и тогаш, така и сега, десничарската власт повторно ја зазема страната на олигархијата, на елитата, на најбогатите, и се решава да удри по најзагрозените. Додека даноците за најбогатите се намалуваат, на најсиромашните ќе им се воведуваат нови. Во држава во која уште малку едиствен начин за млад човек да си го реши станбеното прашање ќе биде да се роди во семејство на вмровски функционер, или на транзициски олигарх.

Младите не се проблемот. Проблемот е системот што ги уништува нивните шанси за достоен живот. Ако власта навистина сака да ги охрабри браковите и семејствата, нека почне со заштита на нивните работнички права, со градење социјални станови, со социјална држава што ќе ги штити. Но оваа власт не само што не им помага, туку сега ќе почне и да ги казнува. Ќе почне да ги казнува за нивната сиромаштија.

Displaying 4.jpg.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен“ закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство