Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Од:

Уставниот суд чие што мнозинство го избра претходната влада на СДСМ и ДУИ, донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот којшто го направи владата на СДСМ и ДУИ. Така работеше Владата на СДСМ и ДУИ, мамејќи ги граѓаните … донесоа методологија со која што ги лажеа. И така продолжуваат да се однесуват и сега. И ќе продолжат да ги мамат албанските гласачи за една цел. А таа цел е само да успеат да дојдат повторно во Владата. Тоа суштината. Тоа е методологијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан врз кои статистики ќе се подготвува Законот за правична застапеност имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд за укинување на методологијата за Пописот 2021.

И сега, нагласи Мицкоски, ние практично немаме попис, реален, со методологија каква што е апликативна, и ние сега зборуваме за податоци од пред 20 и повеќе години.

Оти тој попис, бидејќи е тој единствениот од 2002 којшто во моментот е реален.

– Така работеше Владата на СДСМ и ДУИ, мамејќи ги граѓаните, овие ДУИ Албанците, бидејќи нели оние секогаш се обраќаат кон Албанците. Еве ние се обраќаме кон сите граѓани, и кон Македонците, и кон Албанците, и кон Турците, и кон Србите, и кон Власите, и кон Бошњаците и кон Ромите, буквално кон сите, а тие се обраќаат кон Албанците. И затоа морам да кажам дека тие коишто ги мамеа Албанците повеќе од 22 години, коишто се главната причина зошто Општина Гостивар во 2002 има 85 илјади жители, а во 2022 има 26 илјади помалку.
Донесоа методологија со која што ги лажеа. И така продолжуваат да се однесуват и сега. И ќе продолжат да ги мамат албанските гласачи за една цел. А таа цел е само да успеат да дојдат повторно во Владата. Немаат они друга цел. Секоја друга цел е лага, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, реалноста е дека кога и да има избори мандатар повторно ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

-И со кого треба да прават влада, според нив антиалбанскиот ВМРО. Затоа што реално е ВМРО ќе победи. Како ќе прават влада. Еве да ги прашам. Со кого треба да прават влада. Јасно е кога и да има избори ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи, и ќе биде мандатарот од ВМРО ДПМНЕ. Затоа ве молам да не веруваме на тие пораки коишто доаѓаат од опозицијата, посебно од ДУИ, порача Мицкоски.

Тие, продолжи Мицкоски, не знаат да дадат предлог за подобра економија, да обезбедат нови работни места, да донесат нова инвестиција…

-Се обидоа еднашка со зелената платформа, ама од зеленото изгледа само остана само зелената боја на одредени банкноти коишто ги ставаа во џебовите, и нормално да купуваат трговски центри и скапи автомобили. Тие не знаат како до подобро здравство, до поквалитетно образование. Единственото нешто што знаат е ова да го коментираат. Ама и тоа не го прават добро, затоа што ги лажеа Албанците 22 години. Од голтари станаа милионери во тие 22 години. И резултатот е 85 илјади жители во Гостивар 2002, 2022 година 59 илјади. Тоа е суштината. Тоа е методологијата, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Мицкоски: Опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Мицкоски: Исклучително сме задоволни бидејќи индикаторите почнуваат конечно да покажуваат раст

Горан Наумовски

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ