СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Од:

Христијан Мицкоски е единствениот политичар во Македонија кој директно придонел за понижување на македонскиот јазик и негово бришење од Европскиот парламент.Затоа се поставува прашањето: Дали иницијативите на Мицкоски за “меѓународна верификација” на македонскиот јазик и идентитет се однапред осмислена фарса, смислена да заврши со неуспех, велат од СДСМ.

„Фактите го говорат спротивното од неговата реторика. Еве дел од најзначајните меѓународни потврди на македонскиот идентитет и јазик во времето на СДСМ од 2017 – 2024 година:

-1 август 2017 – Потпишан е Договорот за добрососедство со Бугарија, на македонски јазик.

-17 јуни 2018 – Преспанскиот договор со Грција експлицитно го потврдува македонскиот јазик и идентитет, согласно член 1(3) и член 7.

-2019 година – Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како официјален за меѓународна употреба.

-Јули 2022 – Усвоена е преговарачката рамка со ЕУ, каде јазикот е јасно именуван како „македонски“.

-28 јули 2022 – Регистриран Центарот за македонски јазик во Грција.

-19 март 2023 – Основниот суд во Лерин ги отфрла барањата за укинување на регистрацијата на Центарот.

-15 јуни 2023 – Бундестагот усвојува резолуција за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет.

-Септември 2023 – Сојузните држави Мичиген и Илиноис прогласуваат месец на македонската култура во САД.

-17 јуни 2024 – Метју Нимиц: „Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет“.

Овие факти се доказ за успесите на македонската дипломатија под водство на СДСМ. Сите овие верификации се постигнати низ труд, преговори, и државнички однос кон националните прашања – нешто што Мицкоски очигледно свесно го поткопува а Тимчо Муцунски нема ниту знаење, ниту капацитет, едноставно не го бива.

Македонскиот јазик не се брани со лажни иницијативи и театар, туку со резултати. А Мицкоски треба да сноси одговорност за тоа што прв – и единствен – го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ