Данска најави целосна поддршка за членството на Украина во ЕУ

Од:

Данската премиерка Мете Фредериксен денес изјави дека данското претседателство со Европската Унија ќе направи сè за да ја поддржи кандидатурата на Украина за членство, оценувајќи дека тоа е „во интерес и на Данска и на цела Европа“.

Фредериксен зборуваше во Архус, каде што Данска го инаугурираше своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ, во присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пишува Вашингтон пост.

„Украина ѝ припаѓа на ЕУ“, рече Фредериксен, додавајќи дека Копенхаген ќе продолжи да ја поддржува Украина во сите клучни области, вклучувајќи ја воената помош, соработката во одбранбената индустрија и притисокот врз Русија преку нови санкции.

Би можело да ве интересира

Трамп предупредува: Кина и Русија не можат да го земат Гренланд, но САД можат

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“, земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Горан Наумовски

Зеленски се обиде да назначи екс премиер за министер за енергетика – парламентот не одобри

А1он

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Америка го зацврстува притисокот врз Гренланд, Данска се согласува на разговори

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади