Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Од:

Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој бара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство.

„Во Македонија постојат само 11 шелтер центри, од кои дел се руинирани, неопремени, нефункционални, со крајно ограничени капацитети кои никако не можат да одговорат на растечкиот број на жртви на семејно насилство за кој државата мора итно да преземе мерки.

Економската зависност и необезбедениот кров над глава претставуваат најголемите и најсуштински пречки за жртвите да го напуштат насилниот дом и да започнат нов, безбеден живот. Многу жени жртви на семејно насилство се целосно или делумно финансиски зависни од насилникот, без или со недоволно лични приходи за да можат самостојно да ги поднесат високите трошоци за живот. Ова особено значи дека тие немаат пристап до средства за изнајмување или купување на сопствен дом, ниту пак имаат сопствен имот кој би можеле да го искористат како основа за нов почеток. Во вакви услови, изборот да останат во насилната средина не е им е вистинскиот, пожелен избор, туку примораност.

Без конкретна финансиска поддршка и обезбедено домување, жртвите остануваат во зачаран круг на насилство со сериозни последици врз нивното физичко и психичко здравје, како и врз децата што растат во таква средина.

Овој амандман на Левица е и директен одговор на обврските кои државата ги има согласно Истанбулската конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои предвидуваат дека државата мора да обезбеди мерки и финансии кои би значеле помош за нов почеток и закрепнување на жртвата, вклучувајќи го и домувањето.

Апелираме до сите пратеници во Собранието да го поддржат овој амандман и да покажат дека безбедноста и животот на жртвите на семејно насилство се над партиските интереси. Особено упатуваме порака до владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ дека оваа тема не трпи ароганција и каприц! Не смееме да дозволиме економската немоќ и немањето кров над глава да бидат причина за фатален крај, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје