Димитриевски: Денеска ЗНАМ е сериозен политички субјект, кој активно ги креира државните политики и е составен дел на власта

Од:

Вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денеска во Скопје го отвори в.д.претседателот на партијата Максим Димитриевски, кој лично и во име на раководството на партијата им се заблагодари на сите поединци и групи, кои учествувале во процесот на формирање на општинските организации и на Градската организација на партијата во Скопје.

Тој во негово име и во име на досегашниот состав на Извршниот одбор на партијата, го предложи составот на работното претседателство на вториот Конгрес и тоа генералниот секретар на партијата Горан Минчев, како член на работното претседателство, потпретседателите на партијата Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски, организацискиот секретар Сашо Петрушевски и претседавачот на Централниот одбор Игор Филков.

Во поздравното обраќање Димитриевски се осврна на првиот основачки конгрес на ЗНАМ во пресрет на претседателските и парламентарните избори 2024 година, кога, како што рече, се етаблирале како нов политички субјект на македонската политичка сцена, а тој ја доби довербата да биде в.д. претседател на партијата и партиски кандидат за тогашните претседателски избори.

– Со многу верба, енергија и ентузијазам, заедно ја истрчавме кампањата и добивме и се стекнавме со сериозна поддршка од граѓаните, затоа што ја препознаа нашата визија и јасен став дека политиката може и мора да се заснова на чесност, интегритет и многу љубов кон нашата заедничка татковина. Резултатот што го постигнавме беше импресивен. За само четири месеци од формирањето на една млада и нова политичка партија, и со само 14 формирани до тој момент општински организации во целата држава, освоивме за кандидатот за претседател 87 илјади гласови, чисти како солза, шест пратенички собраниски мандати и покажавме и докажавме дека сме на вистинскиот пат во создавањето на политчки субјект што ќе трае на политичката сцена со своја автентична платформа и визија за развој на наша Макеоднија, рече Димитриевски.

За период од само една година, посочи тој, се посветивме на изградба на партиската структура ширум државата и денес Движење за наша Макеоднија има 53 општински организации и Градска ореганизација на Град Скопје. Според него, тоа е доказ дека се најбрзорастечкиот политички субјект на македонската политичка сцена, кој може да се пофали со својот вонередно квалитетен кадровски потенцијал.

– Денеска ЗНАМ е сериозен политички субјект, кој активно ги креира државните политики и е составен дел на власта, но апсолутно никогаш не заборава на граѓаните, рече меѓу другото Димитриевски, во отворањето на вториот Конгрес на ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“