Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека на Европската Унија не ѝ е потребна Унгарија за да го продолжи процесот на пристапување на Украина кон ЕУ, а согласноста од 27-те земји ќе биде потребна само на крајот од преговорите.

„Ќе продолжиме и ќе ја поддржиме Украина во нејзиниот процес на реформи, а ова е континуиран процес. Унгарија ни е потребна само на крајот, кога 27-те земји-членки треба да го прогласат крајот на преговорите, дотогаш не ни се потребни, можеме да продолжиме да работиме и тоа е она што го правиме, изјави Кошта за полската агенција ПАП.

Затоа, како што изјави, не смета дека полското претседателство со отворањето на првиот кластер е неуспех.

Би можело да ве интересира

Песков: Москва не може да биде принудена на преговори

(ВИДЕО) СБУ користеше дронови за напад на рускиот аеродром на Крим, уништени се хеликоптери

Горан Наумовски

Русија изгуби 1.017.720 војници во Украина

Ф-16 e соборен во Украина, загина пилотот

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

Украински беспилотни летала уништија руски борбени хеликоптери