Земјотресот во Валандово и околината

Од:

Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5.54 часот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје.

Според податоците со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија