Авионска несреќа во близина на Москва, најмалку четворица загинати

Од:

Најмалку четири лица загинаа денес кога се урна лесен авион во Московскиот регион, соопштија локалните служби за итни случаи.

Службите за итни случаи соопштија дека падот на лесниот авион Јак-52 предизвикал пожар на поле во селото Паново во градскиот округ Коломна.

„Првично, четири лица загинаа“, соопшти службата.

Според една верзија, причина за падот на авионот е дефект на моторот поради прегревање. Истрагата за несреќата е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Во моментов не е познато кој се наоѓал во авионот, ниту дали има повредени на земја.

Би можело да ве интересира

Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

(ВИДЕО) Голем дел од Москва остана без струја

ГУР: Експлозијата во Москва е дел од агенциска операција

Откриена e причината за убиствата во Москва

(ВИДЕО) Либија во шок: Началникот на Генералштабот и придружбата загинаа во пад на авион

Горан Наумовски