Најмалку 56 Палестинци се убиени во израелски напади во Појасот Газа

Од:

Најмалку 56 лица се убиени во израелските напади на неколку локации во Појасот Газа, соопштија денес локалните здравствени службеници.

Нападите започнаа доцна синоќа и продолжија во утринските часови, кога 12 лица беа убиени на стадион во градот Газа, кој служеше како засолниште за внатрешно раселени лица.

Убиени се уште осум лица кои живееја во блиските станови, соопшти болницата каде што беа однесени телата, додавајќи дека е погоден и шатор во градот Муваси, при што загинаа шест лица.

Повеќе од 20 тела беа донесени во болницата, соопштија здравствени службеници.

Нападот од синоќа доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела може да се постигне договор за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени