Мурати: Преговорите со ЕУ се блокирани, државата оди во изолација

Од:

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска оцени дека државата наместо да работи на членството во Европската Унија, оди во изолација.

Како што изјави пратеникот Сали Мурати, преговорите со Европската Унија се блокирани и државата заостанува во однос на соседите.

– Ова е историска грешка во движење — од патот кон Европа, кон една реалност на изолација. Северна Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот. Денес, таа е пример на застој. Преговорите со ЕУ се блокирани. Уставните измени пропаднаа. Институциите молчат. А граѓаните ја плаќаат цената, рече Мурати на прес-конференција во Собранието.

Како што посочи, Албанија со отворени поглавја очекува членство во ЕУ до 2030 година, а Црна Гора е на истата патека, додека Северна Македонија е последна не затоа што нема капацитет, туку затоа што нема политичка волја.

– Европа е решението. Изолацијата е ризикот. Кој работи против Европа — работи против граѓаните. Кој ги блокира уставните измени — ја блокира иднината. Кој стои во место — ја губи историјата, рече Мурати.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина