Левица: Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243 милиони заради бизнис зделки?

Од:

Од унгарскиот кредит, најмногу средства ќе добие токму Општина Куманово, речиси 243 милиони денари. Овој податок отвора сериозни прашања: Дали градоначалникот и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е награден за неговата (не)успешност во досегашното управување со градот, кое за осум години резултираше со два кружни текови и вечно крпење на сообраќајни сигнализации, или пак ова е награда за неговата коруптивна соработка со ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години заедничко владеење, велат од Левица.

„Граѓаните сè уште паметат проекти кои претставуваат симболи на фијаско и криминал. Таков е примерот со „НБА семафорот“ за кој беа потрошени вртоглави 10 милиони денари. Се уште е свежа и аферата со ДУП-от за „Лидл”, кој беше протуркан во соработка со ДПМНЕ и ДУИ, а во имтерес на блиски роднини на градоначалникот.

Од проектите со кои Максим конкурирал за средства може да се издвојат проектот за атмосферска канализација на ул. Бајрам Шабани, договорен на 6 јануари 2025 година. До денес, улицата е сè уште раскопана, непроодна, а жителите со месеци објавуваат снимки од пукнати цевки и нестручно изведени работи, за што Левица и претходно информираше.
Втор пример е гасоводната мрежа на ул. В. С. Бато во Зелен Рид, договор склучен на 18 февруари 2025. Делот од улицата каде што е вградувана мрежата не е повторно асфалтиран и претставува директна опасност за учесниците во сообраќајот и за жителите.

Овие примери јасно покажуваат дека Димитриевски нема капацитет ниту за планирање, ниту за спроведување на јавни инвестиции. Токму затоа, Левица прашува дали средствата од унгарскиот кредит се доделени поради спремноста на Максим и локалните владини функционери на коалицијата ЗНАМ-ДПМНЕ-ДУИ за учество во нова шема на поделба на јавните пари преку надувани проекти, тендери и провизии?

Во време кога на граѓаните им недостигаат основни услуги, доделувањето на милионски средства на истите тие структури кои зад себе оставаат недовршени улици, расфрлани пари и мирис на корупција, е чин на продолжување на една длабоко корумпирана политичка пракса. Левица ќе продолжи да го следи трошењето на овие средства, да алармира за злоупотреби и да бара отчет до последен денар, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее