Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово

Од:

Од утре до 21 јуни во Тетово ќе се одржи 14-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) што го организира Центар за балканска соработка „Лоја“. Фестивалот почнува утре во 20 часот со свечено отворање во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија.

– Жирито оваа година го сочинуваат Синоличка Трпкова (актерка и универзитетска професорка), Марио Е. (фриленс новинар и фотограф) од Германија и Висар Круша (сценарист и продуцент) од Косово. Тие ги доделија наградите на следните филмови: категорија краток филм: „Човекот кој не можеше да молчи“ од Небојша Слијепчевиќ од Хрватска, категорија експериментален и анимиран филм „Сок од портокал“ од Александар Атане, Франција / Полска и во категорија документарен филм, Заробени жени, Итаксо Диаз од Шпанија, изјави Бујар Љума од „Лоја“.

Оваа година на фестивалот се пријавиле 892 филма од 95 земји и шест континенти, а ќе се прикажат 50-тина проекции во текот на четирите вечери.

-Ова издание ќе се фокусира на влијанието на уметноста и улогата на филмот во обликување на перспективите и поттикнување на промени. Во време на неизвесност и стагнација, уметноста и филмот се нашата потпора и двигател на трансформација. Бројот на пријавени докажува дека кинематографијата може да креира дебата, да го обликува јавното мислење и да создаде предизвик на статус квото. Ни претставува чест што WatchOut! Се етаблира како место за прославување на филмот и референтна точка за автори и љубители на филмската уметност, рече Љума.

Проекциите на филмовите ќе се одржуваат четирите дена по ред, со почеток во 20:00 часот во амфитеатарот пред Меморијалниот музејот на Комунистичката партија, во Тетово, а влезот е бесплатен. Во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во Центар „Лоја“. Ова издание ќе биде збогатено и со различни работилници и концерт кои ќе се одржат во просториите на Центарот „Лоја“.

Би можело да ве интересира

Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат