ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани

Од:

Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани. По низата заштита и изземање од разни криминални и корупциски скандали како случајот Онкологија и модуларната во Тетово, повторно, ликот кој се штити од прогон, е токму сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче. Имено, станува збор за луксузно ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра кое го користи Филипче, а кое е земено на лизинг од фирма која за време на владеење на СДС добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата Зобек мининг груп е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко Филипче. Тоа го потврдува и газдата на фирмата, Енис Колашинац кој вели дека неговата фирма го земала на лизинг аудито Q8 и дека го зеле токму за Венко Филипче, посочувајќи дека сега возилото се наоѓа во владение на претседателот на опозициската СДС.

Бизнисменот Колашинац е многу близок со Филипче и Заев. Тоа е човекот, кој заедно со браќата Заеви и Венко Филипче, се журкаше на приватната забава со Харис Џиновиќ во луксузен хотел во Дубаи. Иако имаме јавно признание на бизнисменот кој вели дека аудито на лизинг го зел за Венко Филипче и дека сега тоа е во негова сопственост, обвинителството молчи.

А, за ист таков случај Јавното обвинителство веќе има отворено постапка против поранешниот директор на СОЗР од редовите на СДС, Пеце Мирчевски, додека пак од судот му беше определен притвор. Зошто Венко Филипче е заштитен и привилегиран? Го повикуваме ЈО да почне да работи и против Филипче да отвори истражна постапка, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски