Берни Сандерс: Нетанјаху го уби главниот нуклеарен преговарач на Иран

Од:

Американскиот левичарски сенатор Берни Сандерс остро ги осуди нападите на Израел врз Иран, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ја започнал војната со едностран напад, саботирање на дипломатските разговори и убиство на главниот нуклеарен преговарач на Иран.

„Нетанјаху ја започна оваа војна со напаѓање на Иран. Со тоа, тој ги саботираше американско-иранските нуклеарни преговори и го уби Али Шамкани, главниот преговарач на Иран“, рече Сандерс.

Сандерс ја повика американската администрација да се држи настрана и да не се вклучува во војната, ниту воено ниту финансиски.

„Соединетите Американски Држави не смеат да бидат вовлечени во нелегалната војна на Нетанјаху против Иран“, предупреди тој.

„Ќе воведам закон што би забранил користење на федерални средства за каква било воена акција во или против Иран без изрична согласност од Конгресот, освен во случај на самоодбрана“.

Сандерс предупреди дека израелските напади ги поткопуваат американските дипломатски напори за решавање на нуклеарните проблеми преку преговори.

„Разговорите беа закажани за недела, но Нетанјаху одлучи да нападне“, рече Сандерс.

Тој повтори дека САД не смеат да дозволат повторно да бидат вовлечени во војната, која, според него, Нетанјаху ја води без договор со меѓународните партнери и без демократска контрола. „Не смееме да дозволиме Нетанјаху да нè турне во уште една војна“, заклучи тој.

Сандерс е еден од најсилните критичари на политиката на Нетанјаху и Израел, но и на американскиот пристап кон Блискиот Исток.

Претходно тој апелираше до Америка да ја блокира и да ја запре воената помош за Израел.

Би можело да ве интересира

Путин разговараше со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

А1он

Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа

Нетанјаху: Не ги повлекувам силите од Појасот Газа

Хамас има „црвени линии“ за мировниот план на Трамп и Нетанхају

Горан Наумовски

Нетанјаху му рече на Трамп: Го поддржувам вашиот план, ако Хамас одбие, ние ќе ја завршиме работата

Нетанјаху го прифаќа планот на Трамп за завршување на војната

Горан Наумовски