Иранските државни медиуми објавија дека балистички ракети биле испукани кон Израел. Експлозија се слушнала во Тел Авив, објави Ројтерс.
Ова е прв пат Иран да испали ракети во текот на денот, според агенцијата. Израелските вооружени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале ракети испукани од Иран кон израелска територија.
„Одбранбените системи работат за пресретнување на ракетите. По приемот на предупредувањето за воздушна закана, на граѓаните им беше наредено да влезат во заштитеното подрачје и да останат таму до понатамошно известување“, изјави ИДФ.
In response to the attacks on Tehran, Iran has once again fired anti-aircraft missiles at Israel. #Iran #Israel #TelAviv #Tehran #إسرائيل #ایران pic.twitter.com/oPsDuyUvD1
— Sardar Anas (@sardaranas888) June 15, 2025
Иран и Израел продолжија да разменуваат ракетни и беспилотни напади во текот на ноќта, при што најмалку 12 лица беа убиени во Израел кога ирански ракети ја пробија воздушната одбрана во северните и централните делови на земјата.
Околу 360 лица беа повредени откако Иран започна серија ракетни напади врз Израел во текот на ноќта како одмазда за израелските напади во петокот, за кои Израел рече дека биле насочени кон нуклеарната програма на Техеран.
I