Израел издаде предупредување до граѓаните на Иран: Ако живеете во близина на воени објекти, вашиот живот е во опасност

Од:

Израелската војска издаде предупредување до иранските граѓани кои живеат во близина на иранските воени објекти, велејќи дека „може да бидат цел“ ако останат во своите домови.

„Ве молиме веднаш да ги напуштите овие области за да ги заштитите вашите животи и безбедност. Не се враќајте во вашите домови до понатамошно известување“, се вели во соопштението на израелската армија.

Понатаму тие наведоа дека „присуството во овие области претставува ризик за нивниот живот“.

Како што може да се види во соопштението, израелската армија ги моли Иранците да ја напуштат областа каде што, како што тврдат, има фабрики за производство на оружје.

Нападите на Израел врз Иран продолжија во текот на ноќта, а целите беа гасните и нафтените полиња на земјата, како и цивилната инфраструктура во Техеран.

Од друга страна, Иран изврши ракетен напад врз Израел во два брана во текот на ноќта. Според локалните власти во Израел, најмалку седум лица беа убиени.

Би можело да ве интересира

Хамас прогласи крај на војната

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Израел: Дојдовме до критична точка во оваа војна

ВИДЕО: Примирјето треба да почне претпладнево, израелската војска се подготвува за повлекување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Газа се слави договорот за мир

Планот за мир во Газа: многу детали не се разработени, остануваат бројни предизвици