Рубио: Израел презеде еднострана акција

Од:

Американскиот државен секретар Марк Рубио денес изјави дека земјата на никаков начин не е поврзана со израелскиот напад врз цели во Иран и дека Израел презел еднострани дејствија.

„Ние не сме вклучени во напади врз Иран и наш врвен приоритет е заштитата на американските сили во регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.

Израел, рече тој, ги информирал САД дека акцијата е неопходна за нивна самоодбрана.

„Претседателот Трамп и администрацијата презедоа сите потребни чекори за да ги заштитат нашите сили и да останат во близок контакт со нашите регионални партнери. Да бидам јасен: Иран не треба да ги таргетира американските интереси или персонал“, рече Рубио.

Израел ги таргетираше Техеран и другите ирански градови преку ноќ, објаснувајќи дека станува збор за „превентивни напади“.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Заканувачка порака до Меланија и Барон Трамп во видео што се поврзува со ирански медиум

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод