(ВИДЕО) Нетанјаху: Ги таргетиравме иранските нуклеарни научници кои работат на бомбата

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека ги таргетирале нуклеарните цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи.

„Пред неколку моменти, Израел започна целна воена операција за неутрализирање на иранската закана за самиот опстанок на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

„Оваа операција ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да се елиминира оваа закана. Со децении, тираните во Техеран отворено и дрско повикуваат на уништување на Израел“, рече тој.

Тој потсети дека Иран има програма за нуклеарно оружје и предупреди дека Иранците би можеле да „произведат нуклеарно оружје“ ако не бидат запрени.

„Ова е јасна и непосредна опасност за самиот опстанок на Израел“, истакна тој.

„Удривме во срцето на иранската програма за нуклеарно оружје. Го таргетиравме главниот објект за збогатување ураниум на Иран во Натанц. Ги таргетиравме иранските нуклеарни научници кои работат на иранската бомба. Го погодивме и срцето на иранската програма за балистички ракети“, рече тој.

„Бранејќи се себеси, ги браниме другите. Ги браниме нашите арапски соседи. И тие страдаа од хаосот и крвопролевањето на Иран“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

Иран: Израел мора да извлече поуки од поразите против Хезболах

Повеќето Израелци веруваат дека Нетанјаху треба да се повлече од политиката

Иран повторно го затвара Ормутскиот теснец

Трамп: Иран е воено поразен, Обама и Бајден водеа слаба политика кон Техеран

Горан Наумовски